Ако наеднаш се зголемат платите ќе има инфлација, вели премиерот

По порастот на минималната треба да растат и останатите, но не наеднаш затоа што тоа може да предизвика инфлаторен притисок, вели премиерот Димитар Ковачевски.

„Сметам дека треба да се зголемуваат сите плати, меѓутоа тоа зголемување на платите треба да се прави низ методолошка рамка којашто нема да биде направена веднаш во еден момент затоа, што тоа може да предизвика дополнителен инфлаторен притисок од кој никој нема да има полза со оглед на тоа што зголемена инфлација само ќе ги изеде приходите коишто ги имаат работниците“ , вели премиерот.

Од таа причина и МТСП и вицепремиерот за економски прашања и министерот за финансии и министерот за образование се во постојани разговори со сите синдикати коишто покриваат различни гранки од општеството, рече премиерот во одговор на новинарско прашање.

Според него разговорите со синдикатите за да се изнајдат решенија продолжуваат, но не е добро што прво се најавија или веќе се организираат штрајкови како форма на притисоци…