Ако меѓувладината конференција со ЕУ се одржи во Ваташа македонска оперска ѕвезда ќе пее гратис

Македонскиот оперски пејач Благој Начоски го искоментира денешното прифаќање на француската предлог Преговарачка рамка за членство на Македонија во Европската Унија, од страна на 68 пратеници во Собранието на Македонија.

,Искрено се надевам дека првата меѓувладина конференција помеѓу Европската Унија и Македонија ќе се одржи во селото Ваташа, а од мене имаат гратис целовечерен концерт за уважените гости од Брисел и тоа пред споменикот таму”, вели тенорот Благој Нацоски кој е голема оперска ѕвезда во Италија каде работи во моментов.

Селото Ваташа во Кавадаречко беше сведок на крвничкото убиство на 12 македонски младинци од страна на бугарските фашистички окупаторски сили во втората светска војна.

Бугарија никогаш не се извини за свирепото убиство на младите Македонци.