Ако Иванов кршел Устав со мандатот за Груевски без утврдено мнозинство, што е со Пендаровски?!

Пред три години тогашниот претседател Ѓорге Иванов го распнаа дека го прекршил Уставот со дадениот мандат прво на Никола Груевски да состави влада без јасно утврдено мнозинство од најмалку 61 пратеник.

Професорот по уставно право Светомир Шкариќ тогаш го обвини Иванов дека постапил спротивно од членот 90 на Уставот, но денеска идентично постапи и Стево Пендаровски со Зоран Заев како претставник на победничката партија/коалиција на изборите од 15 јули.

За двојниот аршин на СДСМ и на експертите (со и без наводници) блиски до неа во јануари 2017 година и сега реагира професорката по уставно право и поранешна членка на Венецијанската комисија, Тања Каракамишева:

Во членот 90 од Уставот се вели: „Претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата.
Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници“.