Над илјада пензионери од цела Македонија денеска се собраа пред Американската Амбасада каде истакнаа дека нивниот протест е за поголеми пензии и подобар стандард.
Од таму, тие се упатуваат кон Владата.
Тие велат, како што може да има 78 проценти покачување на платите на функционерите, така може да има и линеарно покачување за нив.
Едно од барањата на пензионерите е минималната пензија да биде 20.000 денари…
