Ако е опасно за граѓаните разбери се со Џевад на 195! А Џевад не крева

Каков хаос се случува во јавната администрација посебно службите надлежни за функционирање на јавните сервиси може да се види од информацијата на македонска новинарка која работи за странски сервис на македонски јазик.

Таа на социјалните мрежи раскажува еден опасен инцидент кој за среќа завршил без жртви.

“Паѓа дрво во 18.30. Се јавуваш прво во Град Скопје, таму никој не се јавува, на Паркови и зеленило пишува надлежен е МВР, се јавуваш во МВР, од таму те прашуваат дали има повреден, велиш не, ама дрвото виси врз кабли и е потенцијална опасност, велат јави се на 195.

По долги звонења ги добиваш 195 и од таму ти велат разбери се со Џевад и ти даваат приватен број. Џевад не крева. И така…”, пишува новинарката.

Според неа дрвото што паднало на кабли за струја е пријавено за сечење од локалните жители пред една година но никој досега не дошол да го реши проблемот.

Ако ова се случува во центарот на Скопје тогаш логично се наметнува прашањето како државните сервиси фукнционираат на Шара, Голак или Беласица.