Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска во емисијата 24 анализа синоќа рече дека штрајкот не може да продолжи и кога се пристапува кон мирно решавање на работните споротив, согласно законот, тој се става во мирување.

„Се пристапува кон медијација со помирувач кој се вклучува во изнајдување на решение. Штрајкувачитѕе не може да го отфрлат кога СОНК постапил согфласно законот. Учениците се враќаат во училиште, наставниците се враќаат на работа.

Ако не се вратат на работа и продолжат со штрајкот, ќе си сносат одговорност согласно законот. Ако не се јават на работа, се пристапува кон законот за работни односи и може да изгубат работа“., рече министерката.

Синдикалци вчера попладне протестираа пред седиштето на СОНК, по одлуката штрајкот во училиштата да се стави во мирување.

Бараат од претседателот на синдикатот, Јаким Неделков да им објасни зошто ја сменил одлуката, иако мнозинството од синдикалците биле за тоа штрајкот да продолжи.

Тврдеа дека за одлуката на Неделков дознале од медиумите и дека главното барање им е потпишување нов колективен договор, а не околу процентите колку ќе им се зголемат платите.

kid raising his hand in classroom