Да беше жив Делчев ќе беше сменет за пркосот кон неправдите

Ако Гоце Делчев денес беше жив, сигурно ќе беше прогласен за антизападен, ќе беше скандализиран, омаловажуван.
Зошто? Затоа што тој е сѐ што денешната власт не е. Огледало на нивниот недостаток на морал, недостаток на патриотизам и љубов кон Македонија, пишува за великанот на македонската револуционерна борба лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

“Затоа од неговото име се плашат и денес. Затоа што Делчев пред сѐ е љубов, патриотизам, пркос, слобода. Тој е најдобриот син на Македонија!
4 мај не е крајот, туку почетокот на живата легенда, но и завет за Македонија!
Слава му!”, пишува Мицкоски на денот кога пред 117 години во Баница загинува Делчев во битка со турскиот аскер.