„Со можното проширување на владејачкото мнозинство на Алтернатива и се заканува опасност да загуби некои ресори. Министерството за здравство, со кое раководи Алтернатива, е првото, што ќе премине под раководење од страна на Алијансата за Албанците, ако таа стане дел на Владата.“ – објави ТВ 21, повикувајќи се на свои извори на информирање, во информацијата со наслов „Дали здравството и лизга од рацете на Алтернатива? – Се прават калкулација за размена на ресори“.
ТВ 21 пишува: „Исто така, Алтернатива може да одбере меѓу министерствата за правда и за земјоделство, со кои раководи СДСМ, и министерствата за образование и екологија, со кои управува миоментно ДУИ. Ако, претпоставено, Алијансата за Албанците побара две министерства, со кои раководи една иста партија, тогаш СДСМ и ДУИ ќе извршат меѓу себе размена на ресори.“
„Но, премиерот Ковачевски продолжува да негира дека имале разговор со претседателот на опозициската Алијанса за Албанците Арбен Таравари за поделбата на извршната власт. ‘Ако имаме конкретни разговори за влегување на Алијансата за Албанците во Владата, тогаш секако дека сите ресори нормално ќе се разгледаат, за да се види кои се предностите и афинитетите на одредени партии на одредени полиња.’ – кажа Ковачевски.“