Ако 1/3 од учебникот е погрешен – ќе биде повлечен, вели министерот Шаќири

Ако забелешките и грешките на учебникот по предметот Историја и општество надминуваат над 30 отсто, тогаш тој ќе биде повлечен од употреба, изјави во гостување на Телевизија 24 го изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

„После забелешките кои веќе ги имаме и кои очекуваме и во наредниот период да се доставуваат до нас, Педагошката служба ќе провери дали тие минуваат 30 отсто. Тие може да се коригираат, но ако има 30 отсто грешки, тогаш се повлекува“, рече Шаќири.

Тој објасни дека конкретно за овој предмет стасал само еден ракопис…. Откако ракописот бил доставен до рецензентите, тој бил исто така доставен и кај одговорните во Бирото за развој на образованието. Од Бирото доставиле мислење во кое навеле дека ракописот е целосно усогласен со наставната програма за Историја и општество за петто одделение, но имале и конкретни забелешки, кои авторите требало да ги исправат.

„Сепак, она што го имаме во извештајот, не се истите забелешки и грешки ко беа обелоденети во јавноста“, додаде министерот.

Тој најави дека за овој учебник до стартот на второто полугодие второто полугодие, ќе се најде решение.

„Ги очекувам сите забелешки неделава и идната недела веќе ние ќе имаме конечен став“, рече министерот.

Како авторки на учебникот се потпишани Анита Ангеловска и Гликерија Илиоска. Рецензенти се Беса Хавзиу-Исмаили, Анета Соклевска и Виолета Шурбановска, а лекторка е Виолета Јовановска – Никовска.

За учебникот со своја реакција се огласи и Здружението на историчари, кои реагираа за низа неточни факти во учебникот.