Улица во центарот на Скопје ќе го носи името на Аки Рахимовски, пејачот на групата „Парни Ваљак“, кој почина на 22 јануари, најави градоначалничката на Скопје Данела Арсовска синоќа.
„Како градоначалник на град Скопје, денес иницирав со одлука на Град Скопје една улица во централното градско подрачје да го носи името на Александар Аки Рахимовски. На последната средба со Аки во резиденцијата на претседателот на Хрватска минатата година, гордо нѐ поздрави со македонските песни кои нему лично му беа најдраги“, напиша Арсовска на Фесјбук.
Рахимовски вчера беше погребан во алејата на великаните на гробиштата „Мирогој“ во Загреб. Ковчегот беше прекриен со македонското знаме.
