Акцијата на „комитите“ за поддршка на ФК Вардар се шири кај македонската дијаспора

Со помош на македонските активисти Ана Дукоска од глобалното семакедонско непартиско движење „Ние сме Македонија“ од САД и Ицо Најдовски-Перин, водител на емисиите на македонски јазик на австралиското Радио 3ZZZ од Мелбурн, акцијата за поддршка на фудбалскиот клуб Вардар се прошири и преку океаните.

Давајќи личен пример со купување сезонски билети од по 1.000 денари и нивно проследување до „комитите“ за доделување на младите низ училиштата во татковината, Дукоска и Најдовски ги анимираат Македонците од двата континента за поддршка за најтрофејниот фудбалски колектив од Македонија.

„Нашиот придонес, со учество во оваа мисија за спас на Вардар, е истовремено мисија за ширење на македонизмот низ младите во Македонија и подигнување на свеста за зачувување на традициите, идентитетските обележја, преносот на енергијата од трибините на младината и значењето на спортот во градење на стабилни идни генерации“, порачуваат двајцата во врска со акцијата на линкот:

https://www.karti.com.mk/etickets/TicketList.aspx?pEventID=5154&fbclid=IwAR2DyglyCiM-UTQmnECan3XF3XHEyf1HIzbWUdmK0qQ_lPzZevTrOWFX32s