Акција: Рашковски не е уапсен но запленет е путер со изминат рок

Вицепремиерот одговорен за корупцијата во владата Љупчо Николовски попладнево се пофали дека институциите заплениле непозната количина на путер со изминат рок.

“Во акција на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) кај операторот Евро Млекара ДООЕЛ Скопје е пронајден и запленет путер со поминат рок на употреба. Производот е повлечен од пазарот.

Заштитата на граѓаните и нивното здравје се на прво место. Повикувам на целосна истрага и одговорност!”, напиша вицепремиерот Николовски.

Во меѓувреме Николовски не бараше одговорност за скандалозна набавка на софтвер вреден 80 илјади евра кој се уште не се користи а кој е на а ен од екс генсекот на владата и секретар на премиерот Заев.

Николовски не постапува и по налогот од Антикорупциската комисија за казнување на министерот Филипче од лани во јули.

Линк до постот на вицепремиерот

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2952697628285090&id=1723716297849902