„Академското здружение на Албанците за наука и уметност во Тетово пред неколку дена го промени името во ‘Албанска академија за наука и уметност во **** Македонија’. Целите на ова здружение се формирање на државна академија за Албанците во **** Македонија со седиште во Скопје. Претседателот на Здружението Хасан Јашари ги повикува албанските граѓани, интелектуалци, универзитети и политичари да ја поддржат оваа иницијатива.“ – објави весникот на албански јазик „Лајм“. Инаку, Хасан Јашари докторирал социологија во Факултетот за филозофија при универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје во 2001 година и моментно е редовен професор во Факултетот за современи општествени науки при Штуловиот универзитет во Тетово.

„Лајм“ ја цитира изјавата на Хасани Јашари: „Привремено сме сместени во Тетово, бидејќи Тетово беше првата општина, која не поддржа. Им се обративме писмено до политичките партии, до министерот за образование и до градоначалниците на општините. Ни ветија, некои не ни возвратија со одговор на писмото, а некои не примија на средба. Единствениот кој ни даде поддршка од почетокот беше градоначалникот на општина Тетово Билал Касами и во овој момент сме тука. Но, намерите ни се да се префрлиме во Скопје, штом ќе се опремиме и кога ќе создадеме одредена инфраструктурна основа. Досега никој не ни помогнал и сами се финансираме. Апелираме до албанското население, до албанските интелектуалци, до албанските универзитети во **** Македонија да не поддржат од духовен аспект, бидејќи тоа претставува потреба на ова население.“

Информативниот портал на албански јазик „Фол.мк“ ја објави пред четири дена следната информација: „Академското здружение на Албанците за наука и уметност во Тетово, по денешната седница на Собранието (1.8.2022), одржана во новите простории на Академијата во Тетово во Центарот ‘Саранда’ ја извести јавноста дека  е извршена промена на Статутот и името Академско здружение натаму ќе се промени во ‘Албанска академија за наука и уметност во **** Македонија.“

‘Албанската академија за наука и уметност во **** Македонија ги повикува сите заинтересирани, кои ги исполнуваат критериумите според Статутот, да станат дел од отворениот Конкурс (непосредно пред тоа) како членови со дописни и научни соработници на Академијата. Критериумите за преглед и прифаќање ќе се направат во соодветните комисии на Академијата формирани за оваа цел.“

„’Албанската академија за наука и уметност во **** Македонија го остварува долгогодишниот, вековен сон за самостојно работење; за албанскиот јазик, култура и цивилизација на транспарентен начин!“