Академик Катица Ќулавкова која заедно со претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев е водечки бранител во највисоката македонска научна институција ги коментира поранешните премиери кои одат контра својата држава и промовираат туѓи национални интереси.

“Бившите премиери и министри на Република Македонија, кои даваат предлози за решавање на македонско-бугарскиот спор и при тоа го бранат бугарскиот културен и државен хегемонизам се срам и зло не само за Македонците, туку и за целиот цивилизиран свет”, порачува академик Ќулавкова во своето емотивно послание.