Екс претседателот на МАНУ Владо Камбовски се соочува со нов скандал откако без согласност од целата академија и соодверните структури во неа го прогласил договорот со Грција како добар за Македонија.
Камбовски во поканата за научната конференција што ќе се одржи идната недела без да се консултира со МАНУ и без да ги сочека резултатите од собирот, вели дека договорот не прави никаква штета за земјата.
Камбовски кој е претседателот на Центарот за стратешки истражувања при МАНУ во однапред подготвениот заклучок вели:
“1.Со Спогодбата НЕ СЕ ЗАГРОЗУВААТ НАЦИОНАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И КУЛТУРА, односно дека значењето кое им е дадено соодветствува со ВЛАДЕАЧКИТЕ СТОЈАЛИШТА НА МАКЕДОНСКАТА НАУКА И СО НАУЧНАТА ПОЗИЦИЈА НА МАНУ содржана во нејзините до сега објавувани студии за спорот околу името на државата
2. Со спогодбата НЕ СЕ ЗАГРОЗУВААТ НИТУ ИСТОРИСКИОТ И ПРИРОДЕН МУЛТИКУЛТУРАЛИЗАМ НА МАКЕДОНСКОТО ОПШТЕСТВО И ИДЕНТИТЕТСКИ СТАТУС И ПОСЕБНОСТ НА НЕМНОЗИНСКИТЕ ЗАЕДНИЦИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
“Националната катастрофа е во тоа што во самата покана на конференцијата се даваат вакви заклучоци иако за нив не е разговарано во соодветните тела на академијата”, коментираат за expres.mk извори во МАНУ кои инсистираат на анонимност.
Академиците Катица Ќулафкова, Митко Маџунков и Блаже Ристески беа меѓу потписниците на писмото на кое се потпиша и Милан Кундера а во кое договорот со Грција беше прогласен за штетен.