„Казнувањето на опозицискиот активизам станува потврда за деспотизмот на оваа власт.“ – вели во својата објава Омер Ајдини, претседателот на Младинскиот форум на Алијансата на Албанците, која ја пренесува информативниот портал на албански јазик „ин7“.

Ајдини пишува: „Скоро секаде каде што имаа можност, по локалните избори, властодршците ги активираа своите механизми, за да ги удираат опозициските активисти, без разлика дали преку отпуштања, казнени префрлања од работните места, последователни инспекции итн.“

„Оваа практика не е нова, но е премногу стара, за да се толерира повеќе!“