Оваа колумна не се однесува на “врховниот бог” Зоран Заев, на галено наречен “Зоки Марихуана” поради неговите психоделични политички изјави и потези со кои правосудството според сопствено признание го отвори како пупка.
Не се однесува директно ниту на Александар Василевски Нинџа, човекот кој како да е врховен господар на македонското правосудство им пресуди стотици години затвор на дваесетина луѓе за наводните незаконски дејствија на 27 април 2017 година.
Текстов не е ниту одбрана на Трајко Вељановски, Миле Јанакиески, Спиро Ристевски и другите денеска осудени за 27 април без никаков доказ, само врз основа на лажните сведочења на човек со докажани лажни сведочења пред судот.
Овој текст е посветен на сите тие во извршната власт, во “правда”, во обвинителството, во судството, во тајните и јавни безбедносни служби што ја знаат вистината но не го спречуваат прогонот, на во многу случаи, невини жртви одбрани од страна на Зоко Марихуана.
Без разлика дали се купени со пари, вработувања за нивните деца, со функции во судски или обвинителски совет, во Уставен суд, во Апелација или други институции сите тие еден ден ќе ќе се соочат со правдата.
Ќе нема алиби ниту за тие што се притиснати со кривични пријави, рекетирани, уценети со бркање од работа, условени со тендери или се предмет на други видови притисоци.
Нема разлика.
И да се уплашени и да се купени одговорноста и последиците се исти, заценуваат семејства и носат на тешка робија луѓе против кои единствен аргумент е докажан криминалец и лажго.
Дали мислам на Нинџа или на Заев сами ќе процените.
Се надевам дека ќе одговараат преку формалните механизми на македонското правосудство.
Велам се надевам затоа што се плашам затоа што реално луѓето кои низ историјата за своите недела секогаш одговарале многу често не успеале да се соочат со редовна правда, туку судбината им била решавана на трибунал, народни судови очи друг вид народна правда која понекогаш била сурова.
Истоеиски гледано ваквите луѓе без разлика дали биле соработници на бугарските фашистички окупатори или на српските кралски стражи, на крајот награисале и никој не можел да ги спаси.
Јас сум еден од оние што мисли и работи на идејата за национално помирување на Македонците со цел да запре злото од Македонец врз Македонец и врз било кој друг човек без разлика на нација, вера, или пол.
Но по ова што им се случува на денеска осудените за наводните организатори на 27 април со солзи во очите заклучувам дека мојата лична мисија е во речиси во ќорсокак.
Во теоријата на процесите за националното помирување има периоди кога тоа е изводливо и има периоди кога тоа е невозможно.
Извршителите на Зоко Марихуана периодот за кулминација на процесот за национално помирување го скратија за 90 насто и ја уништија мисијата од која по многу параметри ќе зависи иднината на Македонија.
Како што убиствата на Македонци врз Македонци по софиските улици на почетокот на минатото век се уште ја одредува македонската судбина.
“Зоко Марихуана” не се плаши од тоа што ќе следува затоа што е или под дејство на некои супстанци или мисли дека ќе и избега на правдата со помош на неговите наводни пријатели што не може целосно да се исклучи.
Но тие што се докажаа како негови џелати треба убаво да размислат.
Кога ќе ги влечат по улици и полициски комбиња, кога ќе им плачат мајките, сопругите, децата и внуците да знаат зошто им се случува тоа.
И тогаш нека се се сетат на овој текст.
Добро да го запаметат.
За да не речат дека не беа предупредени за гневот против неправдата што тие ја спроведуваат.
Гневот кој што тлее, но кој еден ден ќе се разлее, и речиси извесно ќе се лее и врз нивните судбини. Се надевам дека тоа ќе се случи само преку нивната совест а не како физички реваншизам.
За тогаш повторно да продолжи мисијата за национално помирување. Која што сега е во слепа улица.