Највисокиот партиски орган на ДУИ – Генералниот совет одржал состанок на која се разговарало за актуелната политичка состојба во државата, но и во партијата откако членови на ДУИ се соочија со скандали во низа.

Претседателот на партијата, Али Ахмети кој претседавал со Советот, изразил загриженост од како што се наведува во соопштението, „создавање на хибриден политичко-економски центар против ДУИ“.

Во партиското соопштение не се елаборира што сакал со ова да каже Ахмети, но наведуваат дека Ахмети ја повторил посветеноста на партијата кон демократските принципи и нејзината решеност да продолжи да работи во насока на унапредување на системските вредности и стандарди во Македонија.

Ахмети и Генералниот совет, како што се наведува во соопштението, го осудуваат и нападот врз првиот вицепремиер Артан Груби, карактеризирајќи го палењето на возилото кое официјално се води на име на сосед на Груби – како напад врз ДУИ.