Лидерот на ДУИ Али Ахмети, кој беше повикан како сведок пред истражителите на Меѓународниот суд за Косово во Приштина, за актуелниот процес во ХАГ против поранешни водачи на ОВК, вели дека обвиненијата за воени злосторства, се измислици, местења, клевети и невистини.

„… сигурен дека сите другари, исто како што оние што порано се соочија со правдата се покажаа како чисти, во конкретниот случај јас сум многу сигурен дека ќе останат со чист образ“, рече Ахмети во емисијата „Дебата“ на Радио Телевизија Косово, за обвиненијата за воени злосторства за поранешните офицери на ОВК  Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, кои се обвинети пред судот во Хаг за најмалку 98 убиства.

–„Јас проценувам дека почетокот на овој процес е познат, но крајот не е познат. Тоа е процес, според моја проценка, прилично тежок бидејќи процесот долго се подготвуваше, нашите непријатели вложија многу во оваа насока и секако на Србија и треба изговор, но и треба и триумф пред нејзините граѓани. Дури и пред меѓународната заедница со цел да ги оправда масакрите и геноцидот што го извршија врз Албанците, но и за сите оние масакри што ги изврши Србија во поранешна Југославија, како и да го оправда својот слоган дека „Косово е лулката на Србија“  – рече Ахмети.

Според него, обвинението се заснова на брошури кои се дистрибуирани почнувајќи од извештајот на Дик Марти и многу документи кои ги дистрибуирала Србија за како што вели, наводните злосторства на Ослободителната војска на Косово.

Извор Плусинфо