За лидерот на ДУИ, Али Ахмети, косовскиот премиер Рамуш Харадинај вели дека е „лидер на Албанците во Македонија“ со кого вчера дискутирал за значајни прашања за двете земји кои бараат заеднички ангажман.

Косово ги поддржува напорите за решавање на спорот околу името на Македонија, стои во соопштението од Кабинетот на претседателот Хашим Тачи, кој вчера исто така го примил Ахмети.


„Решавањето на овој спор, а потоа и влегувањето на Македонија во НАТО е од интерес на мирот во целиот наш регион“, пренесе приштинска „Газета експрес“.

Ахмети на средбата со Тачи нагласил дека „блиската соработка меѓу албанските лидери придонела кон подобрувањето на позицијата на Албанците во Македонија“.