Ахмети: Со „зелената агенда“ сме и пред НАТО, Г7…

На новинарско прашање за „зелената агенда“ што ја промовираше ДУИ пред извесно време, лидерот на партијата Али Ахмети изјави дека идејата за зелена агенда на владеачкиот колаиционен партнер се изродила уште пред состанокот на НАТО и самитот Г-7.

„Ова наше ребрендирање нè приближува до НАТО, затоа што и НАТО излезе со зелена агенда, односно посвети цел пасус на зелената агенда.

Сега по нас дојде и Г-7. Додека НАТО дојде по нас, Еди Рама дојде по нас, Г-7 беше по нас, тогаш тоа значи дека повеќе не се натпреваруваме со СДСМ, туку со НАТО, Г-7 “, изјави Ахмети во синоќешното гостување на ТВ Клан.