„Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети рече дека на крајот од процесот на дијалогот со Србија, Косово треба да оди кон меѓународно признавање и прифаќање во ООН и сите други меѓународни институции. Од Охрид, од средбата меѓу косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ, Ахмети изрази оптимизам дека може да се постигне договор за планот на Европската унија за нормализација на односите Косово-Србија, како и за анексот за неговото спроведување.“ – објави телевизијата на албански јазик „Шења“.
„Шења“ пишува: „Како финален процес Косово мора да оди напред кон меѓународно признавање како држава и свое унапредување и прифаќање во сите меѓународни институции, во ООН и да продолжи кон членство во Европската унија и НАТО“. – нагласи лидерот на ДУИ Али Ахмети.
Ахмети денеска имаше средби со премиерот Албин Курти, со претставникот на ЕУ за дијалог Косово-Србија, Мирослав Лајчак и со помошникот-државен секретар на САД Габриел Ескобар. Тој ја повика Србија да размисли, бидејќи за да влезе во ЕУ, мора да ги стабилизира односите со Косово во сите области.
„Србија треба да размислува и за членството во Европската унија. Не може да ја има Србија во Европа без да ги стабилизира односите со Косово во сите области“. – рече Ахмети.