„Лидерот на ДУИ Али Ахмети ја повика опозицијата ‘да не ја политизира трагедијата во модуларната болница во Тетово’ и ‘оваа ситуација да не се користи за дневно – политички цели’, бидејќи ‘тоа не помага и не ги залекува предизвиканите рани“. Овие ставови првиот „интегративец“ ги изнесе во одговорите на прашањата на весникот на албански јазик „Лајм“.

„Лајм“ пишува: „Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети во изјава за весникот ‘Лајм’ рече дека ‘трагедијата што се случи во модуларната блница во Тетово е голема болка за сите граѓани во Македонија и посебно за семејствата на жртвите“: „Се чинат сите напори да се расветли вистината. Во потрага по неа ни дојдоа напомош и Германија, НАТО и САД. Јавноста и семејствата очекуваат да ја дознаат вистината.“

„Опозицијата обвинува дека институциите се обидуваат да ја одбегнат одговорноста. Дали ќе има одговорност?“ – го праша „Лајм“ Али Ахмети.

Ахмети одговори: „Не мислам дека оваа ситуација се користи за дневно – политички цели, бидејќи тоа не помага и не ги залекува предизвиканите рани. Сите треба да бидеме рационални. Никој не е среќен поради оваа трагедија и ние ќе се обидеме да ја откриеме вистината“.

Видео:

Извор: https://lajmpress.org/ali-ahmeti-per-lajm-tragjedia-ne-tetove-dhimbje-e-madhe-per-te-gjithe-opozita-mos-ta-politizoje-video/