Ахмети одби да одговори на македонски јазик на заеднички настан со Данела Арсовска (ВИДЕО)

Лидерот на ДУИ Али Ахмети одби да одговори на прашање на македонски јазик на настан на кој беше со градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.

Ахмети кој беше дел од церемонија на нов проект во општина Сарај одговараше на албански јазик на прашање на новинари Албанци а кога една новинарка го замоли да одговори на македонски јазик тој одби да го стори тоа.

Лидерот на ДУИ само одмавнува со главата а градоначалникот на Сарај Беџети кој одговара наместо Ахмети вели дека лидерот на ДУИ тешко дека ќе може да одговори на македонски јазик по што новинари почнаа да прашуваат пак на албански јазик.

Оваа ситуација е на 1 минута и 40 секунди од видеото на МИА на овој линк

https://fb.watch/nB1xJ-jlGJ/?mibextid=Nif5oz

Во прислушуваните разговори објавени од Зоран Заев се слушаше дека Ахмети на македонски јазик разговара со екс премиерот Никола Груевски според три недели на македонски се одвиваше и дел од интервјуто за 360 Степени.