Ахмети обвини за специјална војна против ДУИ

Лидерот на ДУИ го сфаќа како специјална војна скандалот со ПИОМ за кој министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, кажа дека исчезнале 19 милиони евра и го повика јавното обвинителство да го расчисти случајот.

… Јас оваа порака ја сфаќам како една специјална вojнa против ДУИ, бидејќи случајно се погодиле директорите да бидат на ДУИ. Нека оди во oбвинитeлcтвo, тоа се 19 милиони евра. Излегува денес и вика дека било техничка грешка, но за таа техничка грешка јас плаќам политичка цена, вели Али Ахмети во гостувањето на 2 канал на МРТВ.