Нема никаков договор со ВМРО ДПМНЕ за гласање за уставни измени. ВМРО ДПМНЕ јавно го соопшти својот став дека нема да гласа за уставни измени по бугарски диктат и имаме големи разлики.“ – изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети во интервјуто за ТВ 21.

Измените во Кривичниот законик не се поврзани со никаков договор меѓу власта и македонската опозиција, уверува лидерот на интегристите Али Ахмети. Наспроти признанието дека нема договор со ВМРО ДПМНЕ за оформување двотретинското мнозинство за внесување на Бугарите во Уставот на Македонија, Али Ахмети останува убеден дека „до ноември оваа година уставните промени ќе се случат“.


„Ќе се направат промените на Уставот. Ќе биде свикана пленарна седница на Собранието со точка на дневен ред за промена на Уставот и тој ќе се промени.“ – нагласи тој.

Во интервјуто за ТВ21 не го откри датумот на седницата, како што рече, бидејќи не е за споделување со јавноста. „Нема да го објавам датумот на таа собраниска седница. Датумот нема да го споделам со јавноста се до моментот кога ќе биде свикана седницата, за да се спроведе гласањето.“ – рече лидерот на ДУИ Ахмети.