Лидерот на ДУИ Али Ахмети денес на средбата со жителите на Гостивар во рамки на своите среќавања со партиската база под мотото „Заедно за Европа“ се осврна на случувањата во ДУИ, како и за политичката ситуација во земјата.
Информативниот портал „Тетова сот“ објави: „Зборувајќи за незадоволството искажано од група на негови сопартијци Али Ахмети кажа дека нивните барања се неосновани и и оти тој жали поради тоа како тие дејствуваат. ‘Сега почнаа да притискаат да го отстранам Артан Груби, но јас нема да го отстранам, бидејќи е таква волјата на мнозинството. Така одлучи Генералниот совет на ДУИ. Тој го има легитимитетот. На Западот не се дозволува анархија, анархистите се мали групи, кои бегаат како лисици.“
„Лидерот на ДУИ проговори на средбата во Гостивар и за актуелните политички случувања во земјата. ‘Внимателно слушам што се зборува во врска со уставните измени. Против Албанците се фрлаат отров и жолчка, против ДУИ, против нејзините министри и функционери. Се упатуваат навреди за Бујар Османи дека е ‘терорист’, навреди за Артан Груби, за мене да не зборувам. Ова не е добро, партиите имаат обврска да ја едуцираат масата. Оваа држава е силна кога има силни Албанци и Македонци. Оваа држава е заедничка и ниедна страна нема ексклузивитет, ниту треба да претендира на тоа. Лојалноста кон државата зависи од лојалноста, што ја има државата кон другата страна. Ние не сме ги оспориле Македонците никогаш, тие биле наши сојузници, како и Албанија и Косово.’ – нагласи Али Ахмети.“