Лидерот на ДУИ смета дека нема потреба да им се извини на телевизиите Телма и Алфа, кои ги нарече антиалбански.

„Мојата изјава не се однесуваше на телевизиите туку на различните реакции што постојат помеѓу граѓаните, беше одговорот што лидерот на ДУИ“, рече Али Ахмети одговарајќи на новинарско прашање.

Тој подучува дека требало граѓаните да бидат правилно ориентирани, а не дека е против слободата на говор.

„Не е во прашањето да се каже тоа што некому му одговара туку најважно е дека треба да се ориентираме правилно, да научиме од минатото“, рече Ахмети.

На прашањето да го каже неговиот личен став и дали смета дека со изјавата е загрозен интегритетот на медиумите и безбедноста на вработените во овие две редакции, Ахмети додаде дека тоа не се однесува на медиумите туку дека имаме колективна одговорност како да се справуваме со општествените одговорности.

Конкретен одговор Ахмети не даде ни на прашањето дали знае дека кој сè чепнал со медиумите не останал на власт уште долго..

„Да ја кажеш вистината, знам дека е болно. Но, имаме одговорност како политички партии, како општество, како медиуми, за тоа како ги ориентираме граѓаните“,одговори Ахмети пред почетокот на одбележувањето на 555-та годишнина од смртта на Скендер бег на плоштадот во Скопје кој го носи неговото име, пренесе 360 степени.