Ахмети и Османи да не фрлаат лопати со пари на УЕФА

УЕФА ќе побара објаснување и дополнителни информации од Фудбалската федерација на Македонија околу поставувањетокамен-темелникот на трибината на Фудбалскиот клуб „Шкупи“ што се одржа вчера во Чаир во присуството на политичарите на ДУИ на настанот, објави Лајм.

Присуството на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, како и другите, на настанот му даде политички карактер на спортот, што е против принципите на Европската фудбалска централа и од таму се загрижени дека овој проект финансиран од париет на УЕФА се злоупотребил за политички партиски митинг.

“Недозволиво е спортскиот проект, кој е финансиски поддржан од УЕФА да биде политизиран”, велат извори за весникот Лајм блиски до европската куќа на фудбалот.

Позагрижувачки за УЕФА е фактот дека политичарите кои учествувале во формирањето на камен-темелник се под истрага за кривични дела.

Извор: Фактор