Ахмети го повика Мицкоски во Собрание: Разговарале за гласањето недоверба

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети, денеска оствариле средба во Собранието. Како што брифираат извори од ВМРО-ДПМНЕ, полчасовната средба се одржала на барање на Ахмети.

Тема на разговор било прашањето околу четврточното гласање за доверба на Владата на СДСМ/ДУИ, за што до собранието беше поднесена иницијатива потпишана од 61 пратеник.

Претходно Ахмети во Собрание се сретна и со Заев.

Инаку од ВМРО-ДПМНЕ ја демантираат изјавата на Изет Меџити дадена на телевизија Клан вечерва и велат дека ништо од она што го соопшти тој не е вистина.