Поддршка на семејството на поранешниот претседател на Косово и еден од водачите на ОВК, Хашим Тачи, кому му се суди пред Специјалниот суд во Хаг, изразил лидерот на ДУИ Али Ахмети при вчерашнатга посета на Косово.

„Денеска го посетив семејниот дом на мојот пријател и поранешен претседател на Косово, Хашим Тачи, за да им дадам поддршка и сила на неговите родители и роднини во битката за правда. Правдата може да биде одложена, но никогаш не е заборавена“, вели Ахмети во дел од објавата на социјалните мрежи додавајќи дека со гордост ќе ги пречкаат Тачи и останатите кога ќе се вратат како победници на правдата.

Покрај на Тачи, во Хаг им се суди и на други поранешни водачи на ОВК, Кадрије Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, постетува „360 степени“.

Пред Специјалниот суд кој почна судскиот процес во април, а тие се изјаснија за невини по обвинението за воени злосторства и злосторства против човештвото извршени во 42 незаконски притворања на поранешната ОВК во Косово и Албанија на најмалку 407 притвореници, од кои најмалку 98 се убиени.