Ахмет: За посета на Могерини си ја сменивме историјата

Новинарот и аналитичар Ердем Ахмет смета дека една посета на европската претставничка Могерини на турската чаршија не е доволна причина да се менува историјата на скопскиот архитектонски симбол.

“Дедо ми беше јорганџија и имаше дуќан во Старата скопска чаршија на улица Јорганџиска. Сега оваа улица стана Европска затоа што ја посети Високата претставничка на Европска унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

Очекувам при некои други посети на значајни личности Дрварска, Казанџиска, Папуџиска, Ковачка, Самарџиска и други улици кои своето име го добиле од занаетите кои се практикувале во нив да го сменат името без да се води сметка за историското значење на Скопската чаршија.

За мене Јорганџиска никогаш нема да биде Европска затоа што самата одлука за промена на името е типично балканска”, вели разочараниот новинар.