Агенцијата “Маркет Вижн” од Скопје е единствената што успеа да даде приближно точно предвидување на изборните резултати од претседателските избори.
Според анкетата на оваа агенција во водство беше Сиљановска Давкова со 0,6 %.
Во анкетите на агенцијата „Рејтинг“ и на МЦМС и Социетас цивилис Пендаровски беше во предност со 5,7 проценти односно со нешто помалку од 4 проценти што е далеку од реалните резултати каде што Пендаровски води со само 0,62 % од гласовите.
Според Рејтинг на Никола Спасов, син на Ѓорѓи Спасов од СДСМ, кандидатот за претседател, поддржан од СДСМ и коалицијата требаше да добие 38,3 отсто а за кандидатката, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Давкова требаше да гласаат 33,2 отсто. За Блерим Река требаше да гласаат 12,6 отсто, додека 15,9 проценти од испитаниците не знаеа за кого ќе гласаат.
Агенцијата Маркет Вижн најточно ја предвиде и излезноста. Според нивната анкета голем процент од анкетираните 28,7 % се изјасниле дека се уште не знаат за кого ќе гласаат или одбиле да одговорат. 26,3 % одговориле дека нема да гласаат или дека не знаат дали ќе гласаат.
На претседателски избори од запишаните 1.808.131 гласач, своето право го оствариле 755.816, односно излезеноста беше 41.85 отсто, информираше Државната изборна комисија.
За разлика од Маркет Вижн останатите две истражувања предвидоа дека излезноста ќе биде многу поголема.
Слична ситуација со анкетите имаше и за Референдумот кога дел од агенциите предвидуваа излезност од близу 50 насто а Маркет Вижн беше најблиску до излезноста од 37 насто.