Агенцијата која работи за Трамп најави победа на ВМРО-ДПМНЕ во 5 од 6 изборни единици

Агенцијата за истражување на јавно мислење McLaughlin & Associates која соработува со американскиот претседател Доналд Трамп во текот на последнава година интензивно го истражувала јавното мислење во Македонија.

Резултатите од своето последно истражување кое е направено со над 6000 граѓани во шесте изборни единици (по околу 1000 по изборна единица) покажува за кого ќе гласаат македонските граѓани.


Според објавата на Твитер на еден од водечките американски “полстери” Џон Меклафлин во Македонскиот блок убедливо води ВМРО-ДПМНЕ а во албанскиот блок ДУИ.

Според последните резултати, ВМРО-ДПМНЕ ќе оствари победа во 5 од 6-те изборни единици.

Во ИЕ 1 ВМРО-ДПМНЕ ќе има 28%, СДСМ 25%, ДУИ 6%, АА 4%, ДПА 1%, други 1% и 35% се неопределени

Во ИЕ2 ВМРО-ДПМНЕ ќе има 26%, СДСМ 24%, ДУИ 9% АА 7%, ДПА 1%, други 1%, 32% неопределени

ВО ИЕ 3 ВМРО-ДПМНЕ ќе има 39%, СДСМ 32%, ДУИ 0, АА 0, ДПА 0, други 0, 29% се неопределени

ВО ИЕ 4 ВМРО-ДПМНЕ ќе има 38%, СДСМ 33%, ДУИ 0, АА 0, ДПА 0, други 1, 28% се неопределени

ВО ИЕ 5 ВМРО-ДПМНЕ ќе има 31%, СДСМ 28%, ДУИ 5%, АА 4, ДПА 1%, други 0, 31% се неопределени

ВО ИЕ 6 ВМРО-ДПМНЕ ќе има 12%, СДСМ 17%, ДУИ 26%, АА 20, ДПА 3%, други 0, 22% се неопределени

Резултатите од анкетата на Агенцијата која освен во САД работи и во Израел и некои европски земји се јавно објавени на Твитер.

Анкетата на една од најпознатите агенции во САД DBC Danube bussines consulting (Mc Laughlin) која, помеѓу останатото, е дел од тимот за истражување на јавното мислење и односи со јавност на американскиот претседател Доналд Трамп е нарачана и платена од ВМРО-ДПМНЕ.

Спроведена од 22 до 30 јуни по специјализиран метод на самата агенција.

Вкупно 5965 испитаници во 6 изборни единици (види твитови и слајдови за детали) се испитувани по пат на интервјуа направени по телефон или со директно интервју во кое се одговара на прашалник по принцип кој се применува од страна на Агенцијата од САД.