Не е шега државната Агенција за просторно планирање бара филозоф за извршување на работни задачи кои немаат никаква врска со филозофија туку со архитектура и други сродни науки.
Архитектите вознемирени и понижени.
“И така, драги мои колеги архитекти, спаднавме на тоа дереџе личности со филозоВски факултет да бидат планери и урбанисти! Допирни точки со архитектура и урбанизам 0!
Ама ако, малце ни е! Колку се сеќавам, во последниве 2-3 декади не сме имале ниту еден протест, ниту едно реално дигање на гласот на архитектот за да се бори гласно за својата професија!
Се претворивме во слепи послушници и цртачи, на ниво на тренирани мајмуни!
Јас само не знам зошто сеуште постојат институции како Архитектонски факултет, Комора на Архитекти и Инженери на Република Македонија и Асоцијација на Архитекти на Македонија, кога очигледно се само „на папиру мртво слово”, пишува еден архитект по скандалот со државната агенција за просторно планирање која за архитектонски работи бара филозоф.