Зградите на терминалот на аеродромот во Хамбург и неколку авиони беа евакуирани откако вооружен маж со дете во автомобил излета на пистата, изјави портпаролката на аеродромот за ДПА во саботата навечер.



„Во тек е заложничка ситуација. Нашиот преговарачки тим е во контакт со лицето во автомобилот. Ситуацијата останува статична“, изјави за ДПА портпаролот на полицијата во Хамбург.

Според федералната полиција, вооружен маж со своето возило поминал низ оградата на аеродромот околу 20 часот и влетал во терминалот на аеродромот. Тој имал пиштол и веќе двапати пукал во воздух, изјави портпаролот на полицијата Томас Герберт.

Во меѓувреме било потврдено дека во автомобилот имало и дете. Сопругата на мажот претходно контактирала со полицијата за можното киднапирање на детето, изјави портпаролот.

На местото на настанот има силно полициско присуство, а во близина на возилото се распоредени единици.