Општината Аеродром побара од Град Скопје итно да изнајде решение за проблемот со уличните кучиња,дознава Макфакс.

Од Општрината потсетуваат дека во изминатиот период одвојуваат значителни средства од сопствениот буџет кои се префрлаат во буџетот на Градот Скопје, со цел ефикасно справување со овој проблем.

„Ние, како локална самоуправа и понатаму стоиме на ставот дека неопходно е градот да изнајде соодветно решение за третирање на уличните кучиња и тоа мора да се направи веднаш“, велат од општината.

Доколку актуелното раководство на Град Скопје во следниот период не успее да изнајде решение, Општина Аеродром најави дека ќе ја преиспита одлуката со која се одвојуваат средства за оваа намена“.