Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ги намали цените на тестовите за детекција на присуство на коронавирусот (PCR) и антигенскиот тест.

„Аџибадем Систина“ им излегува во пресрет на сите кои имаат потреба во овој период од тестирање, па новата цена на PCR-тестот изнесува 1.900 денари. Достапен е и фамилијарен пакет за тестирање над три члена од семејството по цена од 1.600 денари по лице.

Дополнително болницата нуди и пакет групно тестирање за над 30 членови за компании каде цената за еден тест чини 1.500 денари, доколку тестирањето се одвива во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Нудиме и опција на групно тестирање (повеќе од 30 лица) на терен каде цената изнесува 1.800 денари. Можеби ќе ве интересира

Во дијагностичките лаборатории на „Аџибадем Систина“ се нуди и брз антигенски тест по промотивна цена од 900 денари по лице. Клиничката болница „Аџибадем Систина“ располага со најголема приватна лабораторија на Балканот и е единствена во која се изведуваат сите видови тестирања за kовид-19.

Резултатите се издаваат истиот ден, а тестирањата се без закажување.

За граѓаните кои имаат потреба од брзи резултати достапен е и ургентниот PCR-тест по намалена цена од 7.000 денари. Резултатите се добиваат за 2 часа.