„Аџибадем Систина“ со кривична против ФК „Шкупи“

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ќе поднесе кривична пријава против ФК „Шкупи“, дознава Плусинфо.

Причина е јавното соопштение со кое од клубот одбија да се тестираат за ковид-19 бидејќи се сомневале во тестовите на болницата, со што се урива угледот на болницата.

.„Аџибадем Систина“ од минатата недела врши тестирање на фудбалерите, тренерите и помошниот персонал на македонските фудбалски клубови по барање на Синдикатот на фудбалери, кој ја одбрал болницата и поради тоа што зад неа стои здравствената групација „Аџибадем“, која воедно е и официјалниот FIFA медицински центар во Истанбул, пренесува „Плусинфо“.