Адвокатот Даути за случајот „ТНТ и двојните аршини

Се поставува прашањето зошто толку прашина се крена околу предметот „ТНТ“ овие денови и зошто на „нозе“ се крена целокупната македонска јавност. Одговорот е јасен поради двојните аршини на судската власт од позиција на моќ и сила. пишува адвокатот Мерџан Даути во отворенио писмо до јавноста.

1.      Најеклатантен пример за двојни аршини на кривичниот суд Скопје се последните случувања со поранешните судии – поротнички Славица Шандовска и Лилјана Ивановска Кочковска. Единствената причина за различниот третман е тоа што некој има висок интерес предметот ТНТ да се заврши час поскоро. Имено двете поротнички се именувани во исти ден и аналогно на тоа во исти ден им е завршен мандатот. Претседателот на судот поради истек на четири годишниот мандат утврдил дека Славица Шандовска повеќе не е дел од судечкиот совет во предметот „Ласкарци додека за поротничката во ТНТ пробува да изнајде незаконски изговори за истата и понатаму биде член на судечкиот совет дури спротивно на закон се побара продолжување на нејзиниот мандат одредба која не постои ниту во еден закон.

2.      Во судските предмети ,,Еразмо,, и ,,Тортура,, Претседателот Џолев не се ,,грижеше,, за поротничките да им дава заштита па поради заштитата да ги повлекуваат своите изјави и оставки туку тоа го прави за ,,ТНТ,, бидејќи како што и самиот кажа овој предмет бил од висок интерес и го спореди дури и со таканаречените бомби. Чудно е што за случајот Еразмо не беа доволни ни 7 дена по завршни зборови да се донесе пресуда па потоа слободно поротникот да оди во Германија, па се поставува прашања како Џолев заедно со сите заедно имаат договорено да го заврши ТНТ до 27.01.2020 година.

3.      Во нашата држава нема проблем да се користи албанскиот јазик согласно закон и Уставот во Тетово, Гостивар и други судови за било кој предмет и доколку било која страна го побара тоа без проблем истото се дозволува и спроведува.

Но, кога јас побарав тоа да се случи во Основниот кривичен суд во Скопје одма беше започната постапка за мое санкционирање по иницијатива на судечкиот совет и од страна на судот беше истолкувано како моја намера за одолговлекување на постапката, пренесува ТВ21.