На адвокатот и член на раководството на ,,Твоја” Александар Тортевски не му е јасно што барал цели три дена меѓу другите функционери на саем на вино и храна, вицепремиерот Бојан Маричиќ.

Тортевски специфично е заинтересиран и за министерот за правда и за директорот на Технолошко индустриски развојни зони Јован Деспотовски.

,,Што бараат Тупанчевски, Маричиќ, Деспотовски 3 дена на саем за вино и храна во Белград? Ајде ботови во колона по еден и наоѓајте аргументи колку ова ќе донесе бенефит во Правда, Евроинтеграции и ТИРЗ”, прашува Тортевски.