Фото: Насловна неделник Фокус
Изборот на Заев за негов наследник во СДСМ а потоа можеби и во владата не се појавува во пребарувањето на комбинацијата од Димитар Ковачевски и Бизнис школата на Универзитетот Харвард која стои во неговата официјална биографија.
Дилемите за вистинската врска меѓу потенцијалниот иден лидер на СДСМ и Харвард кулминираат откако провладиниот Фокус Ковачевски ставајќи го на насловната страница на неделникот заедно со идниот бугарски премиер го нарече ,,дете на Харвард” прашувајќи дали тие ќе го европеизираат Балканот.
Според тоа што може да се открие на интернет Ковачевски тешко може да се нарече дури и далечен роднина на Харвард.
Дилемите за тоа што точно правел Ковачевски на Харвард стануваат уште поголеми ако на Гугл се пребара за престојот во Бостон каде е седиштето на Харвард на човекот што Заев го промовира како свој наследник.
Во биографијата на Ковачевски објавена од страна на владата стои: ,,Стручно усовршување поминува на Школата за Бизнис при Харвард Универзитетот во 2011 година”.
Но во биографијата нема никакви детали за неговиот престој на еден од најдобрите светски универзитети ниту за видот, должината, формата или методот на стручното усовршување.
На неговиот Linked In исто така стои дека тој бил дел од Школата за Бизнис при водечкиот американски и светски универзитет.
Во описот на неговата активност на оваа образовна инстанца стои Executive education – Marketing TMD или Образование за менаџери – Маркетинг ТМД.
Пребарувањето на овие референци во контекст на Ковачевски повторно не ве води до сајтот на Харвард во контекст на идниот можен лидер на СДСМ и Владата.
Ако на пример на Гугл напишете Бизнис Школа Харвард и Виктор Мизо кој е првиот Македонец кој завршил магистратура на Харвард ќе ви се појават десетици линкови со неговото име на сајтот на Харвард. Истото важи и за идниот бугарски премиер Петков кој завршил МБА на Харвард каде е примен во жестока конкуренција од стотици речиси генијални млади луѓе од целиот свет.
Ако истото го сторите со Ковачевски не се појавува буквално ништо што води кон Харвард а го има неговото име.
Зошто Ковачевски не објавува точно што правел и колку долго бил во Бостон во 2011 година не е јасно но тој дефинитивно не е дипломец, магистрант или докторанд на Харвард како што може првично да се помисли од неговата употреба на Бизнис Школата на Харвард во неговата биографија која што е ставена на врвот на листата, далеку пред неговиот докторат во Подгорица.
Инаку Харвард во својата Бизнис школа покрај MBA програма: Интензивна, двегодишна резидентна програма која води до диплома за МБА има и девет редовни докторски програми кои водат до докторски или ДБА диплома.
На Харвард има и таканаречено Извршно образование со повеќе од 80 програми кои подготвуваат талентирани професионалци од целиот свет за нови нивоа на лидерство во нивните кариери и во нивните организации.
Исто така Харвард Бизнис школата има и курсеви за HBX односно за испорака заснована на случаи, активно и ангажирано онлајн деловно образование за ученици ширум светот.
Алумни заедницата на Харвард Бизнис школата е составена од 70.000 деловни лидери од 150 земји но името на Ковачевски не излегува на Гугл при пребарувањето на комбинација од неговото име и престижната образовна институција.
Во кој од наведените четири програми бил Ковачевски на Харвард, кој платил за неговиот престој таму и другите детали мора да ги даде човекот што од Заев е промовиран како најсериозен кандидат за лидер на СДСМ и владата.
Едно од прашањата кое е најинтересно е дали Ковачевски во својата биографија ставил еднонеделен или двенеделен курс во Бостон кој го платила фирма или организација со која соработувал или пак бил избран да учествува во конкуренција со луѓе од цел свет.
Ако се работи за првиот случај тогаш најмалку стотина Македонци само во Македонија можат да се пофалат со Харвард Бизнис школата во своите биографии.
Најголем дел од нив овие курсеви македонските интелектуалци воопшто не ги ставаат во своите биографии затоа што тие се non degree односно таму не се полага туку се слушаат предавања или дебати за личен развој кои немаат формално ниво на стручно усовршување.