Административците станаа социјална категорија, затоа секојдневно ќе се протестира се до исполнување на нашите барања, вели претседателот на Конфедерацијата на синдикати, Благоја Ралповски.
Очекува поддршка од другите синдикални организации и разбирање од јавноста.
Протестот ќе се случува од 16 до 17 часот пред зградите на Владата и на Парламентот. Клучно барање е порамнување со минималната плата за сите вработени.