Адеми против намалување на платите во образованието

Министерот за образование и наука Арбер Адеми вели дека не може да поддржи одлука за намалување на платите во јавниот сектор.

„Навистина не можам тоа да го поддржам бидејќи ние треба да ги  мотивираме наставниците, на професорите им се дава дополнителен ангажман, во вакви околности тие се ангажирани дополнително, само за да пренесат знаење на учениците, и доколку им се намалат платите, на ниво на минимална плата, секако дека тоа не допринесува за нивна мотивација“, рече Адеми во гостување на ТВ21.

За сегашната онлајн настава поради кризата Адеми вели дека ова несреќа претставува можност, да се догради националниот образовен систем, вршејќи ја образовната дејноста и во овој правец.

„Нашите препораки беа наставниците да бидат креативни, да го дадат својот максимум во видео наставата и во одредени линкови со одреден профил, особено во средното стручно образование, можеби не е реална компензација со тоа што го реализираат самите ученици во практичната настава, но добро е на овој начин да се организираат, да го дадат својот максимум“, рече Адеми.