Аца Лукас го откажа концертот во Охрид

Српскиот пејач го откажа концертот што требаше да се одржи на 1 август во Охрид, по бројните ртеакции на социјалните мрежи.

Тој вели дека концертот го договорал неговиот менаџерски тим, а тој дознал пред неколку дена и веднаш побарал гаранции од орагнизаторот дека ќе бидат испочитувани сите здравствени протоколи. Но, откако добил само усмени гаранции, кои за него не биле доволни, го откажал настапот.

„Никако не сакам утре некој да каже дека се заразил на мој концерт. Бидејќи сум известен дека во тие неколку дена околу 1 август има уште неколку изведувачи закажани за настап на истото место, напоменувам дека ова што јас го објавувам е исклучиво во мое име – напиша Аца Лукас на Фејсбук..