АБВ: Колку поблизу е Скопје до ЕУ, толку подалеку е Софија од националниот интерес

Партијата Алтернатива за бугарска преродба (АБВ), основана од поранешниот претседател Георги Прванов, ја става во обратна пропорција евроинтеграцијата на Македонија и националните интереси на Бугарија.

„Како што Северна Македонија се приближува кон членството во ЕУ, Бугарија сè повеќе се оддалечува во обидот да го одбрани својот национален интерес. Во тој контекст, земјата ни се наоѓа на позицијата од пред три години, што е национално предавство“, констатира Пламена Зајачка, лидер на подмладокот на вонпарламентарната партија, која во претходниот состав на Народното собрание имаше 11 пратеници.

„Слушнавме изјави дека на Северна Македонија не ѝ треба ЕУ, ако тоа ја чини јазикот и идентитетот. Тоа е ултимативен исказ, кој му противречи на Договорот за пријателство и во суштина е обид за негова ревизија. Не можеме да ја платиме цената за влегувањето на Северна Македонија во ЕУ, ниту да ја сведеме дебатата на ‘за’ и ‘против’, иако Владата со својата политика се доведе во положба на нојот со забивањето на главата во песок“, додаде таа.