Абер од Берлин за Мицотакис

Германската владејачка партија ЦДУ ја повика грчката опозициска партија Нea демократија да гласа за Договорот од Преспа во Парламентот на Грција.

„Пратениците во грчкиот Парламент имаат историска шанса да гласаат за Договорот од Преспа кој дава уникатна можност за исполнување на евроатлантската перспектива на Македонија.

И покрај фактот што лидерот на најголемата грчка опозициска партија кажа дека неговата парламентарна група ќе гласа против, ние сме уверени дека Европа ќе има корист од овој договор“, вели германскиот европратеник од ЦДУ, Дејвид Мекалистер, пренесе Нова ТВ.

Неа демократија вчера се откажа од идејата да побара гласање за недоверба за владата што би ја одложила ратификацијата на Преспанскиот договор за најмногу три дена.