Шефот на Демократската лига на Косово, Лумир Абдиџику, реагираше откако Европската унија денеска за Газета експрес потврди дека мерките против Косово стапиле на сила и дека за ова ја известиле Владата на 28 јуни, пишува Газета експрес.
ЕУ презеде мерки поради неуспехот на Косово да преземе чекори за деескалација на ситуацијата на северот, за овие мерки ги извести приштинските институции на 28 јуни, потврди за Газета експрес неименуван портпарол на Унијата.
Курти не е загрижен за санкциите од ЕУ, не е ни лут
Како што рече, привремено е прекината работата во работните тела во рамки на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, исто така, Косово нема да биде покането на состаноци на високо ниво, додека билатералните посети ќе бидат прекинати.
Исто така, за Газета е потврдено дека Косово нема да е дел од програмата за финансирање на рамките на ИПА 2024 година.
Стапувањето на сила на овие мерки вчера е веднаш, потврди и комесарот за проширување Оливер Вархеји, кој посочи дека Косово не е вклучено во распределбата на фондот од 2,1 милијарди евра одобрен од Оперативниот комитет за инвестиции на Западен Балкан.
Абдиџику вели дека „Косово никогаш на меѓународно ниво не било полошо од денес и дека Србија никогаш немала поголема поддршка од денес“.
Првиот човек на ЛДК вели дека е крајно време за нов пат без Курти и неговата политика на изолација.
„Албин Курти и неговата политика не можат да го направат Косово европска држава“ вели Абдиџаку.
