Првиот човек на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Ислам Абази, оформил предмет и делегирал јавен обвинител кој ќе го сослушува Бојан Јовановски и кој ќе ги земе „бомбите“ односно аудио разговорите, видео снимките, транскриптите кои, според Боки 13, сведочеле за висока корупција и криминал..

Бојан Јовановски бараше средба со шефот на ова обвинителство, бидејќи „само во него имал доверба“, за да поднесе кривични пријави и да му достави материјали, односно таканаречените „бомби“,.

Боки 13 сепак ќе се сретне со друг обвинител, не со Абази, зашто тој предметот го распределил кај надлежен обвинител, јави Макфакс.

Јовановски е во затворот во Идризово каде издржува девет годишна казна затвор за случајот „Рекет“, а на уште девет е првостепено осуден и за случајот „Меѓународен сојуз“, за перење пари и дела поврзани со измама.