Обвинителот кој е избран за шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал, Ислам Абази се откажа од втората функција на која беше предложен.
Ќе побара Советот на јавните обвинители да го повлече предлогот за негово назначување во Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители. Причината е тоа што неговата сопруга е во процедура на полагање на завршен испит во Академијата и како што се вели во соопштението, Абази не сака падне каков било сомнеж во објективноста при спроведувањето на завршниот испит и оценувањето.
За Абази да има уште една функција, односно да е член на Управниот одбор во Академијата, беше предложен на денешната седница на Советот на јавните обвинители.
Го предложил заменик претседателот Арбер Исаку, а останатите членови го изгласале.
Претседателот на советот на јавните обивнители Антонио Јолевски рече дека на седницата немал информација дека сопругата на Абази е на обука во Академијата и покрај тоа што медиумите известуваа за тоа.